Контроверзниот ирски УФЦ-борец, Конор Мекгрегор (35), најави дека ќе се врати од пензија за уште еднаш да се бори во оваа организација. Противник ќе му биде Мајкл Чендлер (37), а борбата ќе се одржи во Лас Вегас. Конор моментално има скор од 22 победи и шест порази во кариерата, додека Чендлер има скор од 23:8.
Најголемото враќање на сите времиња ќе се случи во Лас Вегас, на 29 јуни, а противник е Мајкл Чендлер – најави Мекгрегор, кој го повика Чендлер да се бори во категоријата до 84 килограми.
Последната борба на Ирецот беше во јуни 2021 година, кога загуби од Дастин Појрие. Тогаш мораше да се предаде поради скршена нога.