Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралија Опен, а негово место со „специјална покана“ го доби Стан Вавринка (рангиран е како 156-ти тенисер) и на тој начин ќе ги прескокне квалификациите.
– Не сум доволно подготвен за настап во Мелбурн и ќе се појавам само во конкуренција на машки двојки, каде ќе настапам со Танасис Кокинакис и ќе се обидеме како пред четири години да стигнеме до пехарот. Подготвен сум за враќање на терен, но не сум подготвен да играм пет сета, сепак тоа е нешто друго, изјави Кирјос.
Вавринка објави дека ова ќе биде негов последен настап во Мелбурн каде во 2014 година освои Грен слем титула со победата над Рафаел Надал.