Последните две трки во парискиот базен на Олимписките игри беа мешаните штафети 4х100 кај мажите и жените.
Во последната измена Кинезите на чело со Пан Жанле успеаја да ја победат конкуренцијата, па со време од 3:27.46 дојдоа до злато.
На второто место се пласираше штафетата на Соединетите Американски Држави со време 3:28.01, додека трети беа Французите, водени од Маршан, кои испуштија водство и имаа финално време 3:28.38.