Карлос Саинц со Ферари ја освои пол-позицијата на квалификациите за Големата награда на Мексико.
Карлос стана единствениот возач кој успеа да го спушти времето под 1.16 минути за круг при неговиот втор обид, надминувајќи го светскиот шампион Макс Ферстапен со Ред Бул за 0,225 секунди.
Првиот брз круг на Макс во третата сесија беше поништен поради непочитување на ограничувањата на патеката во свиокот број 2, но во неговиот последен обид успеа да обезбеди место во првиот ред.
Зад Саинц останаа Ландо Норис со Мекларен и Шарл Леклер со вториот болид на Ферари, при што возачот од Монако можеби беше тој кој направи најмногу грешки во последниот круг од возачите во топ 4.
На третиот ред се најдоа двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, а топ 10 ги дополнија Кевин Магнусен со Хаас, Пјер Гасли со Алпин, Алекс Албон со Вилијамс и Нико Хулкенберг со другиот болид на Хаас. Трката започнува денес со почеток во 21 часот.