Останати спортови

Карлос Алкараз загуби од Тијафо во ревијален меч

Карлос Алкараз загуби од Тијафо во ревијален меч

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси.

Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6:3, 3:6 и 10:7.

Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција.

Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос.

To top