Машката штафета на Канада на 4х100 го освои златниот медал на Олимписките игри откако во финалето истрча време 37,50 секунди.
За Канаѓаните трчаа Арон Браун, Џероми Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас, а зад нив завршија Јужна Африка со 37,57 и Велика британија 37,61.
Штафетата на САД ја нема во конечниот пласман бидејќи е дисквалификувана поради престап при првата измена.
Американците важеа за прв фаворит на оваа трка, но на крајот беа дисквалификувани поради прекршок при предавањето на првата промена (Колмен – Беднарек).