Останати спортови

Камила Раст од Швајцарија најбрза на велеслаломот во Крањска Гора

Камила Раст од Швајцарија најбрза на велеслаломот во Крањска Гора

Швајцарската скијачка Камила Раст ја забележа својата нова победа во Светскиот куп, откако триумфира на велеслаломската трка во Крањска Гора, која се возеше во рамки на елитното натпреварување под покровителство на ФИС.

Раст до првото место стигна со вкупно време од 2:00,09 минути, демонстрирајќи стабилност во двете возења на словенечката патека.

Зад неа заврши Јулија Шајб од Австрија, која задоцни 0,20 секунди, додека третата позиција ја освои Американката Паула Молцан, со заостаток од 0,47 секунди.

И покрај победата на Раст, во генералниот пласман на Светскиот куп и натаму води Американката Микаела Шифрин со 743 бодови, што е 140 повеќе од второпласираната Швајцарка.

Во поредокот специјално за велеслалом, лидер е Шајб со 460 бодови, додека Раст е втора со 119 бодови помалку.

Возбудувањата во Крањска Гора продолжуваат и во недела, кога на програмата е слаломската трка, која се очекува да донесе нови неизвесни дуели меѓу најдобрите скијачки во светот.

To top