Останати спортови МТКФ

Камелија Недев освои два златни медали на ИТКФ интерконтиненталниот куп

На интернационалниот куп во Вроцлав, Полска учествуваат близу 700 каратисти од 25 земји.

Камелија Недев освои два златни медали на ИТКФ интерконтиненталниот куп

Македонската репрезентација во традиционално карате освои 2 златни медали, 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Најуспешна наша натпреварувачка беше Камелија Недев која освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години, Софија Јарчевска освои второ место во кихон ипон кумите за деца 12-13г.

Трето место освоија Филип Недев во џиу ипон кумите за деца од 10-13 години и Максим Поп Трпев освои бронзен медал во кихон ипон за деца 8-9 години.

На интернационалниот куп во Вроцлав, Полска учествуваат близу 700 каратисти од 25 земји. Во тек се напреварите за сениори, јуниори и кадети.

To top