Останати спортови

Камбекот на Марсел Хиршер повторно одложен

Камбекот на Марсел Хиршер повторно одложен

Вториот, долгоочекуван камбек на Марсел Хиршер (36) во Светскиот куп во скијање е принудно одложен. Иако коленото му е совршено по операцијата, најголемиот скијач на денешницата, кој сега настапува за Холандија, не е подготвен да се врати на патеките.

По пропуштениот велеслалом во Зелден, Хиршер нема да настапи ниту на слаломот во Леви на 16 ноември.

Неговиот тим потврди дека три недели по прележаниот вирус, осумкратниот победник на Светскиот куп не може да ги издржи потребните интензивни тренинзи.

Следната и најверојатна шанса за враќање сега е слаломот во Гургл на 22 ноември, иако и тој е под знак прашалник.

Како резервна опција останува техничката трка во Вал д’Изер во средината на декември.

To top