Јулија Шајб е победничка на велеслаломот од Светскиот куп во Семеринг, Австрија.
На домашен терен, австриската скијачка имаше одлично второ возење, поради кое стигна до големата победа. По првата трка, таа беше на второто место. а крајот, имаше вкупно време од 1:56.46.
Само 14 стотинки зад победничката беше Швајцарката Камиле Раст, додека лидерот по првата трка Швеѓанката Сара Хектор, на крајот заврши на третото место. Американката Микаела Шифрин, најдобрата скијачка во историјата, ја заврши трката на шестото место.
Во велеслалом, победничката Шајб со 380 бода го презеде врвот, откако најдобрата до пред оваа трка, Робинсон, се повлече и остана на 292 бода. Микаела Шифрин е прва во генералниот пласман со 558 бода, додека Робинсон е втора со 484.