Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) во Сараево, БиХ, ќе го одржи своето 27. Генерално собрание, на кое Македонската одбојкарска федерација ќе ја претставуваат претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски.
Делегатите од федерациите-членки на Асоцијацијата ќе ги разгледуваат извештаите за активностите што ги спроведе БВА во текот на изминатата година, како и комплетниот финансиски извештај за работата.
Една од главните точки на дневниот ред е и дефинирање на календарот за 2026 година како и организацијата на БВА Балканските шампионати 2026 во одбојка и одбојка на песок.
Генералното собрание дава насоки за да се обезбедат навремено планирање и успешна организација на клучните натпреварувања на БВА во престојната година, а истовремено овозможува и размена на мислења како да се засили регионалната соработка и заеднички да планираат идни активности за континуиран развој на одбојката во балканскиот регион.