Супер жената на Олимписките игри во Париз, покажа дека е во одлична состојба.
Откако 26-годишната Египќанка Нада Хафез, натпреварувачка во мечување ја победи Американката Елизабет Тартаковски, таа откри дека настапувала бремена.
-Ви се чинеше дека на платформата има двајца учесници, а ние бевме тројца! Да, јас и мојот ривал, но и моето бебе кое треба да дојде на овој свет“, објави Хафез на социјалните мрежи, додавајќи дека ја преплавила гордост.
Таа напиша дека таа и нејзиното бебе имале многу предизвици, физички и емотивни и додала дека бременоста сама по себе е тешка и дека морала да се бори за да одржи рамнотежа меѓу животот и спортот.
Како што изјавила, „без поддршката од сопругот и семејството немаше да стигне вака далеку“.
View this post on Instagram