Останати спортови Олимпискиот оган ќе биде запален на 16 април

Избран првиот носител на олимпискиот факел за Игрите 2024 во Париз

Грчкиот олимписки првак во веслање Стефанос Дускос ќе биде првиот носител на факелот за Олимписките игри во Париз 2024, соопшти денеска Олимпискиот комитет на Грција.

Избран првиот носител на олимпискиот факел за Игрите 2024 во Париз

Олимпискиот оган ќе биде запален на 16 април на традиционлна церемонија во древната Олимпија, родното место на античките спортски игри.

Олимписката штафета потоа во следните 11 денови ќе мине низ копнениот дел на Грција и седум нејзини острови со помош ан 600 носители на факелот пред да им биде предаден на организаторите во Париз на 26 април.

Олимпискиот факел на француските организатори ќе им го предаде освојувачот на сребрениот олимписки медал во ватерполо Јоанис Фунтулис.

To top