Останати спортови

Италијанската гордост го победи Ѓоковиќ во Торино

Италијанската гордост го победи Ѓоковиќ во Торино

Синер ја оствари најголемата победа во кариерата и по вторпат победи светски рекет број еден, но за првпат најголемиот грен-слем рекордер на сите времиња.

Италијанската гордост одигра перфектен меч и го принуди Ноле да игра на највисоко можно ниво, а понесен од огромната поддршка од трибините, Синер имаше сила да ја добие и психолошката војна со најдобриот светски тенисер.

Јаник се избори за прва победа во четвртата пресметка со Ноле и ги остави зад себе трите порази, но сатисфакцијата ќе биде уште поголема за него ако се знае дека му го нанесе само шестиот пораз во тековната сезона.

Foto:twitter.com/atptou

To top