Останати спортови

Италија повторно на тронот во тенискиот Дејвис Куп

Италија повторно на тронот во тенискиот Дејвис Куп

Италија ја одбрани титула во Дејвис купот откако денеска во финалето без загубен сет ја совлада Холандија, а победата беше решена по мечевите во сингл-конкуренција.

Матео Беретини и Јаник Синер ѝ ја донесоа победата на Италија вечерва во големото финале во Малага. Беретини го победи Ботик ван де Зандшулп со 6-4 и 6-2, а светскиот рекет број 1 Јаник Синер исто така во два сета го совлада Талон Гриекспор со 7-6 и 6-2.

Италија стана првата репрезентација што го одбранила трофејот во Дејвис купот по Чешка во 2013 година.

Интересно е тоа што и женската репрезентација го освои били Џин Кинг Купот пред една недела, па Италија стана само петтата нација што славела во двете конкуренции во иста година.

To top