Останати спортови

Хрватската сензација Дона Векиќ ќе игра финале на ОИ

Хрватската сензација Дона Векиќ ќе игра финале на ОИ

Хрватската тенисерка Дона Векиќ се пласира во финалето на турнирот во сингл-конкуренција.

Векиќ, која е сензација на турнирот, успеа да слави над Ана Каролина Шмиедлова од Словачка, која ја доби со резултат 2-0 во сетови (6-4, 6-0).

Хрватката уште еднаш покажа класа и дека успехот на последниот Грен Слем Вимблдон не бил случаен, а посебно тоа беше видливо во последниот сет во која таа ја „збриша“ ривалката.

Во мечот за златен медал, Дона Векиќ ќе се соочи со кинеската тенисерка Кинвен Женг која претходно ја елиминираше најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек.

.

To top