Останати спортови Формула 1

Хамилтон: Ферари може да ја освои титулата оваа сезона

Разговарав со Тото Волф од Мерцедес и Зак Браун од Мекларен за да се обидам да разберам што откриле, но не добив никакви резултати, изјави Хамилтон

Хамилтон: Ферари може да ја освои титулата оваа сезона

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изрази доверба во способноста на тимот да се натпреварува за шампионската титулата во 2026 година, и покрај слабите резултати од претсезонските тестирања. Британецот повика на претпазливост.

– Тестирањето не откри многу. Сите се криеја зад нивото на гориво во резервоарите. Разговарав со Тото Волф од Мерцедес и Зак Браун од Мекларен за да се обидам да разберам што откриле, но не добив никакви резултати, изјави Хамилтон за „FormulaPassion.it“.

Седумкратниот светски шампион нагласи дека искуството од минатата сезона го зајакнало тимот.

– По сè низ што поминавме минатата година, ние сме способни да се справиме со секоја ситуација. Овој тим има сè што е потребно за победа: треба да ја завршиме работата заедно со нашите навивачи. Полесно е да се каже отколку да се направи, но дојдов во Ферари затоа што верував во него. И сè уште верувам, додаде возачот.

На крајот од 2025 година, возачите на Скудерија, Хамилтон и Шарл Леклер, освоија 398 поени и завршија четврти во Шампионатот на конструктори. Во пласманот на возачи, Леклер заврши петти, а Хамилтон шести.

Новата сезона во Формула 1 започнува од 6 до 8 март 2026 година, со Големата награда на Австралија во Мелбурн. (МИА)

To top