Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, со победите над Бергс и Попирин дојде до пласман во 1/8-финалето на турнирот во Шангај, Кина, но денес беше дел од голем скандал, откако за малку ќе се степаше со навивачите.
После мечот со Попирин, голем број на навивачи сакаа да го поздрават бугарскиот тенисер, а тој тешко се пробиваше низ толпата.
Во еден момент се сопна или можеби беше отгурнат од некој од навивачите, па се обиде физички да се пресмета.
Gregor was pissed. No idea what exactly happened. Might be he was tripped by a fan on his way out after the match pic.twitter.com/gqu3RqQc5p
— MeanMin (@MeanMint360365) October 8, 2024