По Карлос Алкараз, уште еден врвен тенисер го смени тренерот на крајот на сезоната. Бугарскиот ас Григор Димитров ја прекина соработката со долгогодишниот тренер Даниел Валверде.
Димитров со Валверде работеше во периодот од 2016 година до 2019 година, а втората соработка ја имаше од 2022 година и во тој период Димитров успеа да се врати меѓу десетте најдобри светски тенисери.
Бугарскиот тенисер во моментов е на 44.место на АТП ранг-листата, откако имаше проблеми со повредите во текот на цела сезона. Една од нив доживеа и на мечот со Јаник Синер на Вимблдон.