Никола Ѓуретановиќ денеска беше првиот македонски спортист кој настапи на ЛОИ во Париз, откако во квалификациите на 400 метри слободно заврши последен со резултат 4:05,38 минути.
Ова е далеку полош резултат од неговиот личен рекорд на оваа патека, а кој изнесува4:02,61 минути.
„Пред трката имав трема, а и моите години го направија своето – бев многу возбуден. Ова, сепак, е едно големо искуство за мене. Секако дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави 16-годишниот Ѓуретановиќ.
Следна од македонските спортисти ќе настапи Анастасија Мојсовска, која веќе утре ќе настапи во стрелаштво во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.