Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и меч во три сета го заврши настапот во квалификациите на Австралија опен во Мелбурн.
Таа ноќеска загуби од Катарзина Кава од Полска со 2:1, по сетови 7:5, 4:6 и 6:3 во меч што траеше 2 часа и 25 минути.
Ѓорческа имаше пет грејка во мечот од 14 можности, а противничката шест од 12. Нашата тенисерка направи и 12 двојни сервис грешки, а вкупниот скор на поени беше 112:108 за Кава.
Во првиот сет се водеше голема борба со многу пресврти и дури седум брејка. Кава поведе со 3:0 го гемови, а потоа Ѓорческа со два брејка го презеде водството со 4:3. И во следните два гема имаше одземен гем на сервис на противничката и Ѓорческа беше во водство од 5:4. Но, Кава ги освои следните три гема и го доби сетот со 7:5.
Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи Ѓорческа во седмиот гем и сетот го доби со 6:4. Во решавачкиот сет полската тенисерка поведе со 2:0, а потоа Лина изедначи на 2:2. Решавачки беше осмиот гем кој го освои Кава и поведе со 5:3, а сетот го заврши со 6:3.