Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути.
Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.
Во вториот сет македонската тенисерка ја продолжи серијата со освојување гемови и со претходните три стигна до девет гемови во низа откако вториот сет го освои без загубен гем.
Следна противничка на Македонката е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше.