Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос.
Ѓорческа беше поразена со 2:1 во сетови уште во првото квалификациско коло од страна на домашната тенисерка Марго Рувроа. Французинката, 285-та на ВТА листата, подобро се снајде на соочувањето на „Сузан Ленглен“.
Марго го доби првиот сет со 6:2, нашата тенисерка возрвати со 7:5, за да во третиот Ѓорческа изгуби со 6:3 иако прва дојде до брејк. (МИА)