Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш го прокоментира големиот успех кој го постигна во Париз, каде го освои златниот олимписки медал.
„Долгоочекуваното злато. Освоив бронза на Летните Олимписки Игри во Пекинг, моите први игри. Двапати завршив во полуфинале, не можев да ја надминам таа пречка.
Влегов на овој олимписки турнир без трофеј, имав повреда. Малкумина ме ставија во улога на фаворит, но потајно верував. Знаев дека ова е мојата последна шанса да освојам злато. Еден од најдобрите турнири за мене, не загубив сет. Ја почувствував поддршката од народот. Ако некогаш имало момент, тоа е сега. Без лажна скромност ова е мојот најголем спортски успех и горд сум што го носам ова злато за Србија“, рече Ноле.