Останати спортови Вимблдон

Ѓоковиќ се огласи по поразот: Се обидов да извршам притисок…

Српскиот тенисер настапи на Вимблдон по повреда. На Ролан Гарос го повреди менискусот, поради што мораше да се повлече од четвртфиналниот натпревар на турнирот против Данецот Каспер Руд.

Ѓоковиќ се огласи по поразот: Се обидов да извршам притисок…

Дваесет и четирикратниот гренд слем победник Новак Ѓоковиќ го коментираше поразот од Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон во 2024 година.

– Ова очигледно не е резултатот што го посакував. Во првите два сета моето ниво не беше на соодветното ниво. Но, мора да му оддадеме заслуга на Карлос, тој прикажа одлична игра. Се обидов да извршам притисок врз него. Спасив три меч топки за малку да го продолжам натпреварот, но тоа не се случи, изјави Ѓоковиќ по мечот со Алкараз.

Воедно, Србинот истакна дека генерално е задоволен од настапот на Грен слемот во Лондон.

– Треба да бидам многу горд. Сега сум малку разочаран, но кога ќе помислам на последните две недели и низ што поминав со мојот тим и семејството, морам да кажам дека сум многу среќен, додаде тој.

Српскиот тенисер настапи на Вимблдон по повреда. На Ролан Гарос го повреди менискусот, поради што мораше да се повлече од четвртфиналниот натпревар на турнирот против Данецот Каспер Руд.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ првпат во кариерата загуби две финалиња на Вимблдон по ред: во 2023 година загуби исто така од Алкараз. (МИА)

To top