Новак Ѓоковиќ одигра брилијантен меч и во два сета го победи Карлос Алкараз за пласман во финалето од завршниот АТП турнир во Торино.
По мечот Ѓоковиќ изјави дека причина за неговата одлична партија се и неговите деца кои пристигнаа во Торино да го гледаат.
„Моите деца пристигнаа и ми донесоа среќа, ми донесоа самодоверба за вечерва. Среќен сум што се тука. Два дена нема да одат во училиште, се надевам дека нема да имаат проблем со нивните учителки. Одлично е тоа што завршив во два сета“, изјави Ѓоковиќ по мечот.