Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се надева дека проблемот со рачниот зглоб не е сериозен и дека тоа наскоро ќе престане да му прави проблеми.
При победата над Јиржи Лехечка 6:1, 6:7 (3-7), 6:1, Новак Ѓоковиќ се мачеше со рачниот зглоб и тоа беше евидентно и во тв преносот.
– Се надевам дека не е ништо сериозно, ми се случуваа такви работи и во минатото и при загревање пред натпревароте. Имав константен третман на зглобот ред натпреварот, исто така и по него. Се обидов да се носам со тоа на најдобар начин. Мислам дека не треба да биде голема грижа за мене, бидејки успеав да го завршам натпреварот како што посакував, со добра игра. Не бев на 100%, но се надевам дека ќе имам доволно време да се опоравам за четвртфиналето, порача Новак Ѓоковиќ