Останати спортови тенис

Ѓоковиќ поразен во Женева

Лидерот во светскиот пласман и во шемата на тенискиот турнир во Женева, Новак Ѓоковиќ (Србија) е елиминиран во полуфиналето на натпреварувањето од АТП серијата 250 на швајцарско тло.

Ѓоковиќ за два часа и осум минути игра загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6, а во текот на мечот даде сигнали дека не се чувствува 100% физички подготвен.

Дваесет и три-годишниот Махач се пласираше во своето прво финале на тениската турнеја.

Српскиот тенисер водеше со 4:1 во првиот сет, но му дозволи на противникот да направи импресивна серија од пет последователни гема за 6:4. По укажаната лекарска помош, Новак Ѓоковиќ одигра силен втор сет, кој го доби со 6:0.

Во третиот дел Ѓоковиќ го зеде првиот гем, но Томаш Махач повторно доби шест гема во низа и го заврши натпреварот со конечни 6:1.

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Париз на претстојниот Ролан Гарос без ниту едно финале во 2024 година.

To top