Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше тешки први две кола на Австралија опен, загуби по сет од Дино Прижмиќ и Алексеј Попирин во навистина големи битки, а на прашањето дали причината е болеста или зглобот, тој имаше подготвен одговор.
– Од двете по малку. Не сум баш во идеална состојба, тоа влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – здравствени, технички, играчки. Така е сега, и далеку од тоа да се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам. Ги прифаќам и се трудам да го извлечам најдоброто од мене. Апсолутно можев да играм подобро, во моментов не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра – барем овде на Австралија опен, изјави Ѓоковиќ.
Во 1/16финалето од Грен слемот во Малбурн, Ѓоковиќ кој е прв носител на турнирот, ќе се соочи со Томас Мартин Ечевери од Аргентина.