Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра денешното полуфинале против Италијанецот Лоренцо Мусети на ЛОИ во Париз, без разлика какви ќе бидат советите од лекарскиот тим по неговата нова повреда на коленото.
Полуфиналниот дуел против Лоренцо Мусети е денеска од 19 часот, а Ѓоковиќ изјави дека сигурно ќе игра без разлика каков совет ќе добие.
„Дури и ако докторот ми рече дека не е добро, веројатно ќе излезам на терен и ќе се обидам. Ова е многу ретка шанса, да се борам за медал за својата земја, затоа ќе направам се за да се опоравам и да се ставам во ситуација да освојам медал за Србија“ – рече Ѓоковиќ.