Останати спортови Уште еднаш покажа зошто е број еден

Ѓоковиќ го победи Синер и го освои завршниот турнир во Торино

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е победник на завршниот АТП Мастерс во Торино и тоа откако во финалето го совлада Јаник Синер.

Ѓоковиќ го победи Синер и го освои завршниот турнир во Торино

Ѓоковиќ вечерва уште еднаш потврди зошто е најдобар на светот, односно кога е најпотребно тој е на највисоко ниво и тоа на своја кожа го почувствува Синер кој ги доби сите мечеви на турнирот до денешниот вклучувајќи го и оној против Србинот во групната фаза.

Меѓутоа Ноле денеска беше на друго ниво, првиот сет го одигра речиси без грешка со резултат 6-3 за да во вториот видиме далиеку поголема борба, шанси да се скрши противникот на двете страни со тоа што 24 кратниот грен слем шампион своите прилики ги користеше и со 6-3 го затвори финалето.

To top