Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчеравечер во Торино го победи Италијанецот Јаник Синер во финалето на завршниот АТП турнир со 2:0, по сетови 6:3 и 6:3.
Триесет и шестгодишниот Ѓоковиќ ја освои својата 71-ва АТП титула на тврда подлога, изедначувајќи се со досегашниот рекордер Роџер Федерер.
Воедно, Србинот има и рекордна седма титула на завршниот турнир на АТП.
Претходно Ѓоковиќ го освои натпреварувањето во 2008, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2022 година.