Новак Ѓоковиќ се мачеше со повреда во текот на мечот, но најде сили и со пресврт го победи аргентинскиот тенисер, Франсиско Серундоло со 3-2 (6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3).
Ѓоковиќ одлично го почна мечот, првиот сет го доби убедливо со 6-1, но потоа почнаа проблемите.
Српскиот тенисер почувствува болка во десното колено поради што беше приморан да побара медицински тајмаут во кој доби масажа и апчиња за ублажување на болките.
Ѓоковиќ се врати, но не во своето најдобро издание, ги загуби двата сета, Серундоло го доби вториот сет со 7-5 и израмни на 1-1, а третиот со 6-3 за водство од 2-1.
Следуваше нова медицинска помош и нови апчиња за Ѓоковиќ по кои се врати многу подобар. Играше со болки, но стисна заби. Четвртиот сет го доби со 7-5 и израмни на 2-2, а во третиот беше подобар со 6-3 и дојде до победата од 3-2.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фриц и Руд