Гаел Монфис донесе одлука кога ќе стави крај на својата кариера.
Легендарниот тенисер од „белиот спорт“ ќе се повлече на крајот од 2026 година.
Монфилс е познат по својата игра на теренот и атлетизмот што го поседува. Дури и на крајот од својата четврта деценија, тој е еден од оние што најдобро се движат по теренот.
Тој ја објави одлуката на својот Инстаграм профил:
„Првпат зедов рекет во раце на две и пол години, а ја започнав професионалната кариера на 18 години.
Во овој момент, во ситуација кога го прославив мојот 39-ти роденден минатиот месец, сакам да објавам дека следната година ќе биде мојата последна како професионален тенисе“, напиша Французинот.
Неговиот најдобар ранкинг во кариерата беше шестото место во 2016 година.