Во полуфиналето Тејлор Фриц ќе игра против Франсис Тиафо кој го елиминираше бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Тиафо со 6-3 го доби првиот сет, во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на Димитров со 7-5 за изедначување на 1-1.
Во третиот сет Тиафо беше подобар со 6-3, а при водство на Американецот од 4-1 во четвртиот сет, Димитров го предаде мечот поради повреда.