Французинот Нилс Алегре е победник на супервелеслаломот во рамките на Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен. Алегре изненадувачки стигна до својата прва победа во кариерата.
По две четврти места, во спустот во Вал Гардена оваа година и Супер Џи трката во Гармиш-Партенкирхен во 2021 година, Алегре овојпат успеа да ја извојува првата победа и да направи големо изненадување.
Французинот имаше 18 стотинки подобро време од Италијанецот Гуљелмо Боско, за кого ова беше и најдобар резултат во кариерата и прв подиум. Швајцарецот Лоик Мејард беше трет со 0,25 секунди заостанување.
Во генералниот пласман води Одермат со 1.306 бодови, а Французинот Сиприен Саразин е втор со 684 бодови.