Останати спортови

Француски скијач доживеа тежок пад на спуст-тренингот во Бормио

Француски скијач доживеа тежок пад на спуст-тренингот во Бормио

За време на вториот тренинг во спуст во Бормио, францускиот скијач Сиприен Саразин доживеа тежок пад и со хеликоптер беше изнесен од патеката, но се уште не се знае точната здравствена состојба на 30-годишниот Французин.

Еден ден претходно, Саразин постигна најдобро време на првиот тренинг во спуст, но денеска изгуби контрола за време на возењето.

На патеката веднаш пристигна помош, како и хеликоптер кој го однесе францускиот скијач во блиската болница.

Нема официјални извештаи за здравствената состојба на Саразин, но Евроспорт објави дека Саразин бил свесен кога со хеликоптер бил пренесен во болница. Се додава дека Саразин се здобил со сериозна повреда на ногата.

Во текот на својата кариера, Саразин победипет пати во трките од Светскиот куп, од кои три беа токму во спуст. Сезонава најдобар резултат му е второто место во супервелеслалом, во Бивер Крик.

Во сабота Бормио ќе биде домаќин на спустот во Светскиот куп, а в недела во овој италијански зимски центар ќе се одржи супервелеслаломот.

To top