Останати спортови атлетика

ФОТО: Објаснување на олимпиското правило: Зошто победи Лајлс во ситуација кога Томпсон прв ја згазна целната линија

Трките на 100 метри секогаш привлекуваат најголемо внимание кај големите фанови на атлетиката, но воглавно и на Олимписките игри поради престижот кој го носи освоениот златен медал.

Вчеравечер го дочекавме финалето во машка конкуренција на 100 метри и бевме сведоци на вистински спектакл во Париз, бидејќи победникот беше објавен со мало задоцнување поради неверојатниот фото финиш.

Во една луда и изедначена борба до последен милиметар, на крајот како победник излезе Ноа Лајлс, и покрај тоа што изгледаше дека Кишан Томпсон е оној што најбрзо ја мина целта.

На забавената снимка добро можеше да се види дека Јамајканецот всушност е тој кој прв ја минува целната линија со нога, но според олимписките правила, го загуби златото поради пет илјадитити дел од секундата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Олимписките правила се добро појаснети за ситуации како онаа вчера, односно за победник важи оној кој прв ќе ја мине целта со градите, а тоа во дадениот случај беше Лајлс.

Американецот имаше бавен старт на трката и во првите 30 метри не изгледаше како спринтер кој може да му парира на Томпсон, но потоа следеше неверојатно забрзување со кое успеа да го стигне, а на крајот и да направи пресврт.

Двајцата имаа идентично време на семафорот (9:79), но Ноа победи поради пет илјадитинки од секундата кои беа на негова страна.

To top