Останати спортови

ФОТО: Италијанскиот шампион ја загуби бурмата додека го вееше знамето на отворањето на ЛОИ, па јавно и се извини на сопругата

Искусниот 32-годишен спортист го вееше знамето на Италија, додека бродот со италијански спортисти пловеше по реката Сена, кога прстенот му се лизнал од прстот.

ФОТО: Италијанскиот шампион ја загуби бурмата додека го вееше знамето на отворањето на ЛОИ, па јавно и се извини на сопругата

Актуелниот олимписки и светски шампион во скок во височина, Италијанецот Џанмарко Тамбери, ја загуби бурмата додека го вееше италијанското знаме на отворањето на Олимписките игри во Париз.

Искусниот 32-годишен спортист го вееше знамето на Италија, додека бродот со италијански спортисти пловеше по реката Сена, кога прстенот му се лизнал од прстот.


Откако му се изгуби бурмата, Тамбери и се извини на сопругата Кјара Бонтемпи Тамбери.

-Имаше премногу вода, премногу ослабев во последните месеци, а кога на сето тоа ќе се додаде и нескротливиот ентузијазам за тоа што го правам… Останува фактот дека почувствував како прстенот се лизга, видов како лета. , го следев со моите очи додека не го видов како скока внатре во бродот добар знак дека ќе се вратам дома и со повеќе злато, изјави Тамбери и додаде дека губењето на прстенот може да биде и добар изговор за обнова на брачните завети со неговата сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HALFSHAVE (@gianmarcotamberi)

Во 2021 година Тамбери освои злато во Токио на Олимписките игри, а во 2023 година стана светски шампион во Будимпешта.

To top