Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер не беше задоволен од една судиска одлука, па среде борба направи необичен и невиден потег. Имено, тој одлучи да го отпушти судијата и да го смени, а организаторите на овој спектакл тоа го одобрија.
– Ајде, тргни се – беа зборовите на Мејведер кон судијата пред 22.000 навивачи, а малку подоцна видовме уште еден човек во рингот со борците.
Ова беше втор меч меѓу Флојд Мејведер и Џон Готи Трети, а првиот беше прекинат поради тепачка на двата тренерски тима надвор од рингот. Сега 47-годишниот Американец стигна до победа во неофицијална борба која траеше осум рунди од две минути.
– Дојдовме овде со намера да приредиме шоу за навивачите – ја објасни Мејведер одлуката да го смени судијата среде борба.
Floyd Mayweather just fired the ref for a bad call in the middle of the fight 😭😭
— Happy Punch (@HappyPunch) August 25, 2024