Останати спортови

ФИА: Револуционерното „авионско“ крило на Ферари е легално

ФИА: Револуционерното „авионско“ крило на Ферари е легално

Светската автомобилска федерација донесе конечна одлука околу иновативното задно крило на Ферари, кое привлече огромно внимание за време на претсезонските тестирања во Бахреин.

Техничкиот директор на ФИА за едноседи, Николаc Томбазис, потврди дека решението на италијанскиот тим е во согласност со актуелниот технички правилник и дека нема пречки тоа да се користи во новата сезона.„Генерално гледано, ги поттикнувавме решенијата кои го намалуваат отпорот. Затоа прописите за ДРС од минатата година, кои го ограничуваа износот на отворање на слотот, оваа година не се задржани.

Целта беше да се даде поголема слобода, а решението на Ферари, според нашата проценка, е во ред“, изјави Томбазис пред медиумите, објаснувајќи ја насоката во која се движат правилата.

Со оваа одлука, Ферари доби зелено светло да продолжи со користење на својот нов концепт, кој може да донесе сериозна предност во борбата за врвот во Формула 1.

 

To top