Останати спортови

Федерика Брињоне го освои Големиот кристален глобус!

Федерика Брињоне го освои Големиот кристален глобус!

Италијанската скијачка Федерика Брињоне математички го обезбеди Кристалниот глобус. На овој начин Италијанката по втор пат во кариерата победи во Светскиот куп.

Но, ова е историска титула, бидејќи таа ја освои на 34-годишна возраст, со што стана најстарата победничка во конечниот пласман во Светскиот куп.

Таа веќе стана најстарата скијачка која победила во спуст, супер-Џи и велеслалом оваа сезона.

Со овој расплет Брињоне ја обезбеди титулата и во спуст, а може да ја освои титулата во супер-Џи, но и во велеслалом.

To top