Еден од најдобрите тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер, проговори за британски „Телеграф“, за односот што го има со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Швајцарецот потсети на нивната прва средба во 2006 година, во Монако. Тогаш славеше Федерер по три сета – 6:3, 2:6, 6:3.
– Прв пат играв со него во Монако и кога излегов од теренот, помислив: „Да, добар е“. Иако веќе имаше голема врева околу него, не бев целосно убеден. Мислам дека не му ја покажав почитта што ја заслужува поради неговата техничка мана, мислев дека има екстремно цврсто држење во форхендот, додека неговиот бекхенд не беше толку флуиден како денес. Тој стана неверојатно чудовиште од играч. Претпоставувам дека им ја расипа забавата на навивачите на Рафа и на Роже. Кога дојде, многу луѓе помислија: „Видете, не ни треба трето момче. Задоволни сме со Роже и со Рафа“. На почетокот, на навивачите на Федерер навистина не им се допаѓаше, тогаш Новак излезе со својата силна личност и со неверојатната желба да победи по секоја цена – изјави Федерер.
Тој смета дека Новак бил погрешно разбран во текот на кариерата.
Мислам дека е малку погрешно разбран. Гледам подалеку од медиумите и гледам каков човек е. Ако му ја одземам играта, кој е тој, кои се неговите животни вредности? Знам дека многу се грижи за своето семејство – заклучи Федерер.