Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги воодушеви кинеските фанови на враќањето во Шангај.
Неговиот прв натпревар на овој турнир предизвика големо внимание и еуфорија кај домашната публика која срдечно го пречека.
По долга пауза од 2019 година, Новак Ѓоковиќ повторно заигра во Шангај, а кинеските навивачи му приредија топло добредојде.
На трибините се вееја српски знамиња, а навивачите врескаа од возбуда и му даваа овации и аплаузи, што придонесе за атмосферата која експлодира по победата на Ноле.
По натпреварот Ѓоковиќ им се обрати на навивачите предизвикувајќи делириум кај присутните.
View this post on Instagram