Американската тенисерка Ема Наваро прва се пласираше во полуфиналето на САД опен во сингл за жени, откако беше подобра од Паула Бадоса од Шпанија, 2:0 по сетови (6:2, 7:5).
Првиот сет таа го доби сигурно, а во вториот изведе импресивен кам-бек и се врати од 1-5 во гемови.
Мечот меѓу Наваро и Бадоса траеше еден час и 15 минути. Во првото Грен Слем полуфинале во кариерата, Американката ќе игра со Кинеската Женг или Белоруската Сабаленка.