Французинот Артур Казо (21) го совлада осмиот носител на турнирот во Мелбурн Холгер Руне од Данска во четири сета. Моментно 122 играч на светот дојде до победата со резултат 7:6 (4), 4:6, 6:4 и 6:3.
Казо, кој на „Австралија опен“ дебитира благодарение на поканата од организаторите, во третото коло ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспор.
Французинот и во првото коло елиминираше уште едно познато име, Србинот Ласло Ѓере, што му беше прв триумф во кариерата на еден од грен слем турнирите. А победата над Руне му е само трета на АТП турнирите.
Казо го надигра Руне со моќен сервис, имаше дури 18 асови, и освои 82% поени на прв сервис.
Оваа победа на францускиот тенисер сигурно го израдува и Карлос Алкараз кој го имаше Руне како потенцијален ривал во полуфиналето на турнирот.И во женска конкуренција се случи изненадување, ланската финалистка Елена Рибакина (Казахстан) загуби од Ана Блинкова со 6:4, 4:6, 7:6 (20).