Останати спортови

Елиминација на Македонија од Кипар во Дејвис Купот

Елиминација на Македонија од Кипар во Дејвис Купот

Македонската Дејвис куп репрезентација е поразена од Кипар и во третиот меч кој беше во конкуренцијата двојки.

Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ по поразите вчера во сингл мечевите, денес претрпеа неуспех и во заедничкиот меч, па домаќинот во Никозија зголеми на недостижни 3-0.

Хусеиновиќ и Мицов беа поразени од двојката Менелаос Ефстатиу и Елефтериос Неос со 2-0. По сетови Кипар беше подобар со 6-2 и 7-5 во првиот неделен меч.

На програмата се уште два настапи на македонските тенисери, ама дури и две победи нема да сменат ништо.

 

To top