Македонскиот џудист, Еди Шерифовски не успеа да направи изненадување и загуби од Гиљерме Шмит во својот настап на Летните Олимписки Игри.
Бразилецот е панамерикански шампион, џудист со многу успеси на големи натпреварувања, па иако Еди активно ја започна борбата тоа не беше доволно да се направи позитивен резултат против јужномаериканецот.
Еди беше трет македонски спортисти со настап на ОИ, претходно на „борилиштата“ излегоа пливачот Никола Ѓуретановиќ и стрелачката Анастасија Мојсовска.