Андреј Темов успеа да избори пласман во две полуфиналиња на развојниот шампионат што се игра во Анталија, за тенисери до 14 години. Тој е рангиран како четврти носител и во првото коло беше слободен, а во двата меча оствари убедливи победи за пласман во полуфиналето.
Прво го совлада Херон Ајети од Косово со 2-0 во сетови (6-0, 6-1), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Илдар Малаи од Молдавија со 2-0 (6-1, 6-0). Тој утре во полуфиналето ќе игра против првиот носител Арас Јалчинкаја од Турција.
Во конкуренција на двојки Темов со Василиј Закоски во полуфиналето ќе играат против грузиските тенисери Гиорги Кинцурашвили и Јакоби Сванадзе. Во мечот од четвртфиналето македонските тенисери ги победија Јонис Габа и Флоид Касо од Албанија со 2-0 во сетови (6-0, 6-2).
На развојниот шампионат во Анталија кај девојчињата настапуваат Деа Крстевска и Ведрана Таневска.
Ова е првиот од двата турнира што се играат во Анталија во рамки на развојниот шампионат за тенисери и тенисерки до 14 години. Инаку на турнирот настапуваат 40 тенисери и тенисерки од десет земји.