Јапонскиот тенисер, Јошихито Нишиока (28) му го предал мечот на српскиот тенисер, Миомир Кецмановиќ (24) во петтиот сет од првото коло на САД ппен.
При резултат 2:2 во сетови (7:6, 2:6, 7:5, 5:7) и 1:0 за Кецмановиќ во петтиот сет, со брејк-топка на сервис на Нишиока, Јапонецот паднал на теренот и почнал да вреска од болка, и да бара помош, најверојатно поради исклучително силните грчеви.
Нишиока и по интервенцијата на лекарот не можел да се движи. Во еден момент до него седнал и Кецмановиќ, тешејќи го и помагајќи му. По некое време околу Јапонецот бил направен и „жив ѕид“ за гледачите да не ја гледаат драмата што се одвивала.
На крајот, откако му помагале повеќе од 20 минути, организаторите донеле инвалидска количка и го изнеле Нашиока надвор од теренот, во придружба на 20-на луѓе.
– Го прашав дали сака вода или гел, но кога ќе се случат вакви грчеви, ништо не можете да направите. Не беше многу жешко, но навистина беше спарно. Но, мора да се издржи и готово, изјави Кецмановиќ.